Чулев: Осум сектори за внатрешни работи ќе бидат подложни на промени

0
79

Осум сектори за внатрешни работи ќе бидат подложни на промена, најави во интервјуто за Националниот јавен сервис МРТВ техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Промените, како што изјави веќе се издиференцирани со техничкиот премиер Оливер Спасовски, и очекува во текот на денешниот ден да помине новата систематизација на Влада,рече техничкиот министер за внатрешни работи.

– Јас имам право само на 15 промени. Оние 15 места што ќе бидат подложни на промена се осумте сектори за внатрешни работи – Скопје, Куманово, Велес, Тетово, Битола, Штип, Охрид и Струмица, Одделението за внатрешни работи во Прилеп со оглед на големината и бројот на население, тоа е Одделот за справување на организиран криминал и сериозен криминал, Единицата за интервентна полиција, Одделот за специјални полициски операции, Единицата за специјални задачи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за информатика и телекомуникации. Во консултации со дел од колегите од МВР селектирани се лица кои се со долгогодишно стручно искуство во проблематиката што ќе ја покриваат, кои се професионалци и луѓе со чест и интегритет. Да ви кажам дека за имињата дополнително ќе ве информирам заради тоа што уште се вршат завршни консултации и проверки, рече Чулев.