Водачи на црногорски клан, Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ се убиени вечерва во преполн ресторан со гости во Атина, пренесуваат српските медиуми. Бруталното убиство на Стаматовиќ и Дедовиќ се случило во присуство на нивните семјства.
Дедовиќ го зазеде водачкото место на Шкаљарскиот клан по апсењето на Јован Вукотиќ, а имаше и издадено потерница против него за обид за двојно убиство врз Војин Ступар и Милош Радоњиќ, луѓе блиски до Кавачкиот клан во март 2016 година во Котор.