5 модели за трансфер на работници од јавниот во приватниот сектор

0
75

Трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор за повисока плата, каде придонесите ќе ги плати државата. Ова е само еден од 5 те модели кои ги понуди министерот за информатичко општество за вишокот вработени административци, по консултации со бизнис секторот и синдикатите. Манчевски вели дека платите во државниот сектор не се толку атрактивни како во приватниот, особено за дефицитарниот кадар кој се бара на пазарот на труд

– Конкретно сега ми кажаа стопанските комори дека недостигаат градежни работници на пазарот, а платите кои им се нудат постојано се во пораст изминативе 2 години Сега градежник зема 40.000 денари плата, а овде во државната админстрација знаете дека платите не се баш високи, изјави Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество

2 модел е преквалификација на кадарот за оние струки од кои пазарот има потреба, ќе се дава и отпремнина за тие кои самоволно сакаат да си заминат од административната фотеља, која сума дополнително ќе се утврдува. Вработените ќе се преквалификуваат и за внатрешните потреби во самата администрација