Коронавирусот го надмина бројот на починати од САРС

0
109

Над 800 луѓе починаа од коронавирусот во Кина покажуваат последните податоци, со што го достигна бројот на починати од САРС во 2002/03 година која досега беше една од најголемите епидемии. Епидемијата на САРС во 2002/2003, која исто така почна во Кина, уби 774 луѓе низ целиот свет.

Кинеската национална здравствена комисија соопшти дека во централната провинција Хубеи вчера починале вкупно 89 луѓе од последиците на коронавирусот, со што вкупниот број на починати од болеста се искачи на 811. Бројот на луѓето за кои е потврдено дека се заразени во Кина е 37.198, додека вкупната бројка на заразени низ светот е околу 37.500 луѓе. На глобално ниво од САРС беа заразени околу 8 илјади луѓе, а од таа болест починаа 800 луѓе.

Коронавирусот припаѓа на истото семејство на вируси. Сепак, бројот на нови инфекции во провинцијата Хубеи каде што главен град е Вухан, кој се смета за епицентар на вирусот, за прв пат од почетокот на епидемијата денеска забележа пад на бројот на нови случаи. Комисијата соопшти дека од новите 2 656 случаи во целата земја што беа идентификувани вчера, во областа Хубеи се регистрирани 2 147 од нив.