Мицкоски: Експертски групи, а не политичари да го подготват законот за ЈО

Текстот на предлог законот за ЈО да го подготват професори и експерти од правната фела, а не политичарите, рече на денешната прес конференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој во одговор на новинарско прашање потенцираше дека сето она што ќе го договорат таквите тела ќе биде прифатено од партијата која што ја предводи.

„Единствен којшто може тој закон да го направи е експертот кој го посветил сиот свој живот во таа проблематика. И затоа велиме, овие шест имиња се имиња на професори, оставаме и владејачкото мнозинство да предложи имиња на професори и експерти коишто би учествувале во изработка на тој закон. Нека го изработат и ние се обврзуваме како политичка партија, тоа што ќе го изработат да го поддржиме“, рече Мицкоски.