Први препукувања СДСМ-ДУИ пред почетокот на кампањата

0
84

Препукување помеѓу партнерите на владината коалиција по официјализирање на коалицијата СДСМ-Беса. Еден ден откако СДСМ рече дека повеќе нема да прифаќа закани и непринципиелни преговори од албанските партии за формирање на владата по изборите, реагира ДУИ. Од партијата на Ахмети велат дека СДСМ треба да биде благодарна што Ахмети го прекрши принципот победник со победник и ù даде на земјата друг правец. На тврдењата на Заев за остатоците од минатиот режим во ДУИ, потпретседателот на партијата Изет Меџити вели дека минатото останува минато.

Изет Меџити, потпретседател на ДУИ

Да, точно е. Ние ги условивме македонските партии да го променат името на државата, да го променат Уставот, да станеме дел од НАТО и ЕУ, да ја направиме оваа држава двојазична, да имаме Албанец спикер на Парламентот, да го постигнеме договорот со Бугарија… Минатото е минато. За тоа ги поминавме минатите парламентарни избори, од тоа излезе резултатот, народот го осуди оној што го сакаше и не можеме да бидеме заложници на минатото. Со толку сила што имавме, ДУИ секогаш „условуваше“ за доброто на земјата, дури и тогаш, и денес, и во која било влада.”

Но, лидерот на СДСМ, Заев инсистира на тоа дека ДУИ мора да се промени и да се реформира како услов да се биде посакуваниот партнер во формирањето на следната влада. Коалицијата СДСМ-Беса, според Заев, не ја загрозува поддршката на македонскиот гласач.

Најголемиот заслужувач за достигнувањата на претходната влада, Зијадин Села, вели дека е Алијансата за Албанците. Тој не ја гледа коалицијата СДСМ-Беса во шестата изборна единица како закана, велејќи дека битката отсекогаш била меѓу албанските партии. Предизвикот во шестата единица, вели Села, ќе биде помеѓу него и Ахмети, но тој е сигурен во победата.

Зијадин Села, лидер на Алијансата за Албанците

“Поранешниот „сојуз“ на ДУИ-СДСМ се спротивставува на сегашното СДСМ-Движење Беса. Политичките партии ја имаат својата автономија и ние ја почитуваме автономијата на секој политички субјект, но нашиот став е дека таквата коалиција е погрешна, таквата коалиција не го максимизира албанскиот глас, туку напротив, создава предуслов за некој во иднина да го добие правото, немајќи ниту политичка партија внатре, туку само албанските експоненти внатре, да го наруши тој принцип воспоставен во 90-тите години.”

Досега е официјализирана коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива, како и коалицијата меѓу СДСМ и Беса.

Извор АлсатМ