РУСКАТА ЦРКВА ЌЕ ОДВИКНУВА ПОПОВИ ОД НУКЛЕАРКИ

0
127

Во апел до своите теренци руската црква бара поповите да почнат да се воздржуваат од праксата да благословуваат нуклеарно оружје и останато оружје за масовно уништување, кое има капацитет да предизвика неселективно уништување на животи.

Како што руската црква последниве децении се приближува кон руската војска така се почести се сцените во кои попови благословуваат подморници, балистички ракети, вселенски ракети и сличен хардвер.

Од пред некое време централата на руската црква реши да стави крај на ваквата навика, па на веб-страната на московскиот патријарх беше објавен документ во кој се бара укинување на оваа услуга.

„Благословувањето на воено оружје не е присутно во традицијата на руската православна црква и не се совпаѓа со обичаите,“ се наведува во документот.