Без патните исправи им виси работата во странство на македонските работници

0
117

Недостигот на обрасци за пасоши е стрес за многу македонски работници кои си обезбедиле работа во странство и треба да заминат надвор од државата.

Овие денови сите очи се вперени кон МВР и се чека решение што ќе се прави со пасошите.

Од повеќето агенции за посредување при вработување не сакаат да коментираат и велат дека тоа е работа на МВР, тие се должи да обезбедат пасоши за странките.

„Ние посредуваме за работа во странство, сезонски, и тој ангажман почнува од месец мај. Сме имале среќа и кај нас нема некој сериозен проблем, во смисла да се пожалат луѓето дека можеби нема да можат да извадат пасоши. На 30 клиенти се случува еден да каже дека не му е обновен пасошот, но и тој човек секако ќе стигне да си го обнови пасошот, затоа што ќе замине во мај да работи“, велат од една скопска агенција за посредување при вработување.

Граѓаните се незадоволни, велат дека службите не си ја вршат работата.

„Тргнав за лична карта, да ја земам ако е готова, но сигурно ќе биде проблем за луѓето за кои ќе нема пасоши. Ако некој веќе резервирал авионски билет, и за една недела треба да тргне, нормално дека ќе има проблем“, рече Саринка Стојановска, од Куманово.

Извор Фокус