Васев: ВМРО-ДПМНЕ и луѓе блиски до партијата свесно ги труеле граѓаните

0
94

Фактите околу скандалот со несоодветно третираниот медицински отпад покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и луѓе блиски до партијата свесно ги труеле граѓаните, заради остварување на личен профит. Фирмата Еко клуб која надвор од прописите складирала и превезувала медицински отпад е во сопственост на Сашо Јанакиески бизнис играчот на ВМРО-ДПМНЕ и кадар на Никола Груевски.

Јанакиески наместо отпадот да го уништи во соодветна машина, тој отпадот во кој имало остатоци од човечки органи, медицински шприцеви и отпад од кој се цедела крв без проблем го депонирал во Дрисла.