Двајца тетовчани нападнале полицајци пред дискотека

0
86

Две момчиња се приведени откако пред дискотека во Тетово нападнале полициски службеници.

Од МВР велат дека синоќа во 03:03 часот, пред дискотека во Тетово лишени од слобода биле Б.Б. (19) и М.Н (20), двајцата од Тетово, поради тоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејства.

-Тие биле приведени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.