Димитров: Нема да има успешен ЕУ Самит во мај, ако нема пробив во март

0
85

Лидерите на ЕУ не би имале успешен Самит во мај, ако претхдно не успеат да донесат позитивна одлука за процесот на проширување, но и за методологијата за пристапните преговори, вели во денешното гостување во емисијата „360 Степени“, министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Нема да може да има успешен Самит во мај ако нема пробив пред Самитот. Тоа е невозможно. Исто е и со Методоголијата. Кога веќе излегувате со предлог Методологија, ако не се уверени барем во една мера дека тоа ќе функционира, тоа би било неверојатна катастрофа. Така што пред нас си се редат елементите кои што водат кон двоен успех“, рече Димитров.