Заев: ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз пратеници да не гласаат за законот за ЈО

0
71

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од оваа партија вршат притисок врз колеги да не гласаат за законот за јавно обвинителство. Кога Владата, нагласи тој, го пратила предложениот текст во собраниска процедура, имал збор за поддршка од 80 пратеници, но оттогаш, според него, се случуваат притисоци и закани кон пратениците. Па, дали за законот за ЈО ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство, посочи Заев, ќе се знае при самото гласање.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив и поранешни пратеници, генерално осомничени или веќе обвинети луѓе, вршат притисок врз пратениците. Имав збор од 80 пратеници дека ќе го поддржат и затоа законот беше пуштен. Имав збор, но тоа што се случува е вистинска драма“, вели Заев.

Тој додаде дека притисокот што се врши врз пратениците е десетпати поголем од оној што се вршел за време на уставните измени.