Томовски : Скандалозен тендер од 19 милиони евра на ЕЛЕМ, кој се мести да го добие фирма блиска до власта

0
101

Објавена е јавна набавка за огромни 19 милиони евра без претходно објавен технички дијалог, односно без проверка на пазарот. 19 милиони евра е голем тендер кој се договара со низа пропусти и низ процедура која отвора сомнеж дека однапред треба да го добие блиска фирма до власта.

Дополнително станува збор за јавна набавка со краток период за прибирање на понуди од само еден месец, во кој е опфатен периодот на новогодишните и божиќните празници.

Заради краткиот период за подготовка на потребните документи и поднесување на понуди компаниите барале пролонгирање на рокот за поднесување на понуди за 10-20 дена, но од страна на АД ЕЛЕКТРАНИ биле дозволени само дополнителни 6 дена за поднесување на истите. Она што следи потоа, односно на 24.01.2020 година на неполни 7 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите, АД ЕЛЕКТРАНИ направиле измена на тендерската документација и тоа во девет делови на постапката со кои се направени големи промени во техничките спецификации кои биле првично објавени.