ЈАНУАРСКИТЕ ПЕНЗИИ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 722 ДЕНАРИ

0
88

За 324.000 корисници на пензија во земјава јануарските пензии, кои ќе ги добијат овој месец, се зголемени за 722 денари. Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на прес-конференција рече дека покачувањето се должи на стабилизација на пензискиот систем во изминатите две години, реформа со која, како што рече, се заштедени повеќе од 3,7 милијарди денари.

-Но, секако, покачувањето се базира и на приходите кои се зголемија кај работоспособното население и минималната плата која само во минатата година се зголеми за 15 отсто, а просечната плата за 5 проценти. Законски се утврди трето дополнително усогласување на пензиите во нашата држава за сите пензионери со зголемувања од пет проценти вкупно. Со ова добиваме просечната пензија оваа година да изнесува 15.500, а за две и пол години таа пораснала за 1.746 денари, рече Царовска.

Додаде дека за мерката за субвенционирање на придонесите за раст на платите Владата издвоила 2,4 милијарди денари во буџетот на МТСП наменети за пензискиот и за здравствениот фонд.