Во голем пожар во Прилеп изгоре жена

0
107

Пожар зафати куќа во Прилеп при што настрада седумдесет и две годишна жена во саботата утрото околу 8 часот.
Пожарот започнал од просториите на приземјето каде живеела сега починатата. Не се знае од што настанатл истиот.

Методија Николоски од прилепската противпожарна единица вели дека повикот во единицата бил во 8,37 часот и со брза интервенција успеале да ги извлечат шест лица од огнената стихија.

-За многу кратко време противпожарната единица со 4 возила и 11 пожарникари пристигна на местото на пожарот. Стихијата избувнала во приземниот дел од куќата. Пожарот се проширил по скалилата на двата ката, но со брзата интервенција спречено е да ги зафати катовите. Спасени се човечки животи, шест лица се извлечени, но за жал еден човечки живот е загубен од пожарот, потенцираше Николоски.