75 години од одржувањето на првиот час настава на македонски јазик

0
74

Вечерва со свечена академија битолската гимназија „јосип Броз Тито“ ќе одбележи голем јубилеј „75 години настава на македонски јазик во СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито” Битола“.

Свеченоста ќе се одржи во НУ Народен театар Битола, со почеток од 18 часот, а претходно ќе има проекција на краток документарен филм за Петре М. Андреевски, изработен од ученици на гимназијата во фоајето на театарот.