Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата

0
114

Венко Филипче на својот facebook акаунт соопшти дека има вкупно 177лица заразени од корона вирус.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.