ЕУ му веруваше на Ердоган, сега нема план „Б“ за бегалците

0
88

Ердоган ја оствари заканата и ги пушти бегалците кон Европа, илјадници се наоѓаат на грчката и бугарската граница. Трагично е што ЕУ сега мора пак сама да се грижи за себе, а се`уште нема план. Коментира Бернд Ригерт

ЕУ четири години имаше доверба во Турција како чувар пред портите пред кои се бегалците и други мигранти. Сега турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја оствари својата закана. Турција ги доведува организирано барателите на азил дограниците на Грција и Бугарија.

Ердоган со тоа го откажа бегалскипот договор од март 2016 година. Тој води политика преку грбот на мигрантите кои кампираат пред границите. Нејасно е која е точната цел на турскиот претседател – тој во надворешната политика на повеќе фронтови стигна во ќорсокак. Тешко дека со уцени ќе добие подобар дил.