Изборна листа СДСМ-БЕСА – сите албански лидери, носители во ИЕ6

12 март е последниот рок до кога партиите треба да ги достават пратеничките листи до ДИК. Партиите не сакаат да ги откријат имињата на носителите на листи во 6 изборна единица. ТВ21 неофицијално од свои избори дознава дека за составот на заедничките листи на СДСМ – Беса веќе потпишале договор за предизборна коалиција.

Во ИЕ 1, од редовите на социјалдемократите се спомнува името на министерот Никола Димитров, а од Беса на истата листа се очекува да биде потпретседателот на партијата Кастриот Реџепи.

Во ИЕ 2, носител ќе биде актуелниот премиер Оливер Спасовски, а од Беса Абдуш Демири.

Во ИЕ 3 и 4 најверојатно Беса нема да има кандидат за пратеник, а од СДСМ носител во ИЕ 3 се спомнува генералниот секретар Љупчо Николовски, додека во ИЕ 4, претседателот на партијата, Зоран Заев.

Мила Царовска најверојатно ќе биде носител во ИЕ 5, а на истата листа од Беса можно е да биде генералниот секретар Аријанит Хоџа.

ИЕ 6 е единствена каде носител на листа е Беса, односно нејзиниот претседател Биљал Касами, а овде се очекува да се тркаат и пратениците Фадиљ Зендели и Теута Биљали.

Извори на ТВ21 не кажуваат на која позиција ќе бидат кандидатите на Беса на овие заеднички листи, меѓутоа тврдат дека ќе бидат се на “победнички места“. Претседателот на Беса вели дека освојувањето на 61 пратеник преку оваа коалиција не е нешто недостижно.

„Ние секако дека сме сигурни дека оваа коалиција ќе биде победничка и дека за прв пат ќе освои 61 мандат што е доволен број за формирање на идната влада“, истакна Биљал Касами.
Извор тв 21