КОВИД-19: Инфициран бугарски милионер ги крши правилата за изолација

Работната група определи четири државни болници во Софија за хоспитализација и третман на Ковид-19, но Домушиев и неговата сопруга беа прегледани во болницата Софијамед, ставајќи во карантин 180 члена на медицинскиот персонал и 170 пациенти, предизвикувајќи екстензивни мерки за тестирање и дезинфекција.

Полицијата ја чува болницата и спречува влегување и излегување од неа.

Домушиев, објави дека истиот ден кога бил хоспитализиран му било кажано дека ја има болеста предизивикана од корона вирусот. Неговата објава на Фејсбук го претстави како да е дисциплиниран граѓанин според пропишаните правила.

„Драги пријатели, по првичниот тест за Ковид-19, почуствував омалаксаност и направив втор тест кој беше позитивен“, репе Домушиев. „Ги почитувам сите ограничувања на карантинот во моментов, јас сум изолиран и заздравувам.“, додаде тој, повикувајќи ги луѓето да не се плашат, да се чуваат и да се придржуваат кон сите правила.

„Ние ќе го надминеме овој вирус“, заклучи тој.