КОВИД 19 ја зеде 12 – та жртва во Албанија

Албанското Министерство за здравство и социјална заштита доцна синоќа соопшти дека од „Ковид-19“ починала 82-годишна жена од Тирана, со што бројот на почнатите од овој опасен врус се зголеми на 12 лица.

„Паценката Л.М. (82) пред пет дена беше хоспитализирана во Инфективната клиника во Тирана, а состојбата пред два дена и се влоши, па и покрај напорите на лекарите не успеа да преживее.Таа боледуваше и од бронхијална астма, хипетензија и подагра (ревматисмална болест), стои во соопштението на министерството.