ПОБЕДА ВО НАШИЦЕ, ВАРДАР НА ЧЕКОР ДО Ф4 ВО СЕХА

Тешко и неизвесно, сепак, Вардар победи со 31-30 на гости кај Нексе, во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА-лигата. Одбраната на актуелниот шампион (5-1 зона) беше пробојна и лесно дозволуваше голови, па Нексе уште рано поведе со три разлика (7-4 во 12. минута). Го негуваше водството и го чуваше сѐ додека вардарци вистински не запнаа да излезат од негатива. Со серија од 3-0 изедначи на 13-13 во 27. минута, а три минути подоцна, кога почна одморот важеше 15-15.

Вториот дел почна слично, Нексе првпат поведе и со четири позитива, но сѐ се смени по 46. минута. Тогаш беше 26-22 за Вардар, но Борко Ристовски влезе во елемент, домаќините помогнаа со по некоја грешка во нападот и Вардар во следните осум минути прими само еден гол. Со серија од 6-1 првпат на мечот поведе и влезе како привилигиран во жестоката завршница од мечот.