Продолжуваат нападите од кучињата скитници – повредени две жени

Нови напади од кучиња скитници низ Македонија. Регистрирани се два случаи, едниот напад се случил во Ресен, а другиот во Скопје.

– На 23.03.2020 во 16.00 часот во Полициската станица Центар М.Р.(31) од Ресен, пријавила дека на кеј „Димитар Влахов“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

– На 23.03.2020 во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром Б.У.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„23 Октомври“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.