Боки 13 го прогласи хирургот кој го оперирал за непријателски сведок, преврска му ставал во домот на Орце Камчев

0
82

Сашо Дуковски, адвокат на обвинетиот во случајот “Рекет”, Бојан Јовановски, хирургот, Тони Јосифовски кој го оперирал Јовановски го прогласи за непријателски сведок. Ова следуваше откако на прашање на одбраната дали познава некој од обвинетите, лекарот одговори дека ја познава поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева. Одбраната не објасни зошто лекарот го прогласи за непријателски сведок и продолжи наместо директни, да поставува скрстени прашања кон сведокот.

Во своите одговори на прашањата од Дуковски и Јовановски кажа дека два пати го оперирал Јовановски и дека за операцијата се договарале во болницата и во кафуле.

Лекарот кажа дека му правел преврски на Јовановски во неговиот дом, а еднаш и во домот на Камчев кој е сопственик на болницата каде е вработен лекарот. Тој негираше и рече дека е ноторна лага дека тој заедно со Ана Камчева некогаш биле во домот на Јовановски.