Граѓаните не се откажуваат од групирање пред маркетите и банките

0
113

Во Тетово и Гостивар присуството на граѓаните е намалено во текот на денот, сепак има поголемо движење пред банките и маркетите, особено на старите лица.

Кризниот штаб на општините Гостивар, Ростуше и Врапчиште одржаа заедничка средба на која ги поставија и новите мерки во борбата против коронавирусот.

“Состојбата во Гостивар и Врапчиште е под контрола. Имаме само еден официјално потврден случај. Под два, сите препораки на Владата мора строго да се почитуваат. Трето, ние инсистираме како институции сите да се придржуваат кон правилата, личната хигиена, социјалната и физичката дистанца. Под четири, изолација и што помалку контакт со лицата кои се постари и имаат други болести, под пет, институциите да продолжат да комуницираат едни со други за да ги минимизираат последиците и да бидеме поефикасни во работата што ја правиме”, рече Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.