Во светот повеќе од 350.000 луѓе заразени со новиот коронавирус

0
97

Коронавирусот не стивнува во Европа. И понатаму најпогодена од пандемијата е Италија, каде има околу 60 000 заболени , а починаа над 5,400 лица. Поради тоа, освен италијанските, против вирусот во оваа земја ќе се борат и руските, кинеските но и кубанските доктори.

Вторто европско жариште е Шпанија, каде има над 33 000 заболени. Во последните 24 часа, рекордни 410 лица почианле од вирусот. Надлежните велат дека пикот во оваа земја се очекува да биде следната недела.

Во меѓувреме германската влада го усвои итниот пакет мерки за помош од 750 милијарди евра. Германската канцеларка Ангела Меркел, пак е негативна на коронавирусот, покажало првото тестирање, но ќе следуваат и други.

Во Велика Британија, маркетите ги отворија вратите само за здраствените работници. На видетото може да се забележи дека и покрај долгите редици, луѓето ги почитуваат мерки , за одалеченост од 1 метар.