Затвор од две до 2,5 години за тројца професори од економски факултет за „Еразмус“

0
97

Шуклев, кој долги години беше и декан на факултетот е осуден на две години затвор.

Тој не дојде во Кривичниот суд да ја слушне пресудата.. Судијата Туфегџиќ при нејзиното изрекување кажа дека Шуклев барал 1 000 евра за да напише оценка по два предмети, а за да помогне на испит барал секс и придружба во ресторани и шопинг-центри надвор од Македонија.

За обвинетиот Драги Јанев, кој е осуден на две ипол години затвор судијата кажа дека исто како Шуклев барал пари, но и сексуални услуги. Две ипол години затвор доби и Ристевски.

“Судот ја имаше во предвид и возраста на обвинетите и фактот што тројцата професори што сега се обвинети се веќе во пензија а во таа смисла и цел на казнувањето за кривичните дела е токму заштита на образовниот процес, образовната установа, и во таа смисла судечкиот совет смета дека изречената казна забрана за вршење дејност и професија значи нивно оддалечување на од образовниот процес во целина и оневозможување на било каква форма на натамошен ангажман и било каков контакт со студенти”, вели Владимир Туфегџиќ.