Пендаровски на јужната, а Спасовски на северната граница

0
70

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски денеска во обиколка на припадниците на Армијата стационирани на јужната граница на државата.

Пендаровски ќе го посети и Транзитниот центар кај Гевгелија каде што се врши регистрација на мигрантите.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ќе го посети граничниот премин Табановце, а придружуван ќе биде и од министерот за здравство Венко Филипче, со цел да се провери каков е системот за превенција од коронавирусот на граничните премини.