Србија од утре со полициски час и забрана за излегување од дома

0
132

Од утре од 10 часот во сите градови во Србија ќе биде забренет излез за сите постари лица од 65 години, а во селските средини излезот ќе биде забранет за лицата постари од 70 години, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, вечерва на вонредна прес конференција.

Вучиќ кажа дека „од утре од 20 часот до 05 часот ќе биде забрането движење на улиците во Србија на сите лица, освен органите на власт и оние кои ќе имаат работна обврска.“

Граничните премини ќе ги преземе војската. Ова е исто така преседан.