Тракторист загина во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар

0
84

Во сообраќајката што утрово околу 9.30 часот се случи кај Трапчин Дол на патот Кичево – Гостивар, загина тракторист роден во 1959 година од кичевското село Грешница.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски изјави дека несреќата се случила кога сега починатиот управувајќи трактор излегувал од селски пат за да се приклучи на магистралниот.

Во тој момент во него удрило патничко возило „Ауди“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од возач од кичевското село Зајас, роден во 2000 година.