Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Успешна жена, силна Македонија“

0
82

Денеска во организација на ВМРО-ДПМНЕ се одржи трибина по повод празникот 8-ми март, Денот на жената со работен наслов „Успешна Жена, силна Македонија“.

По завршувањето на трибината, Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека денес не смее да заборавиме зошто го одбележуваме 8-ми март, односно борбата за еднаквост на половите. Иако според Мизрахи законите се изменети, жените се уште не се заштитени од половата дискриминација и за жал, денес сеуште немаме целосна еднаквост. Мизрахи посочи дека мора да се промени перцепцијата, а жените треба да ја препознаат својата сила бидејќи само тогаш ќе имаме вистинска еднаквост.

Професорката Виолета Ачковска потенцираше дека жените не се застапени во сите сфери на општествениот живот, квотите докажуваат дека жените се уште се борат за свое место во општеството. Степенот на еманципација на едно општество го одразува степенот на еманципација на жената, нашата жена мора се уште да се бори за своите права, рече професорката.