Целосна дезинфекција во Дебар и Центар Жупа

0
80

Жителите во општините Дебар и Центар Жупа го поминаа и второто деноноќие по прогласувањето на кризна состојба поради појавата на коронавирусот строго почитувајќи ги препораките од надлежните.

Како што јавува нашиот дописник од Дебар во општината се врши целосна дезинфекција на сите јавни објекти, продавници како и на улиците. Исто така се врши дезинфекција и на сите посебни возила кои влегуваат и излегуваат од Дебар .

Жителите на други општини, но и од странство кои се најдоа во Дебар на денот на прогласувањето на Кризната состојба од страна на Владата, се пријавени во Оперативниот штаб кој е во објектот на општината и на истите им е речено да ги почитуваат мерките на Владата . Поголем дел од нив се сместени во хотелите на Дебарските Бањи – Цапа. Меѓу нив има и поголема група на туристи од Шведска .