2.000 евра казна за две лица од Битола и Гостивар за непочитување на полицискиот час

0
83

Битолското обвинителство поднесе предлог за казнен налог против 32-годишник кој синоќа околу 22 часот бил затекнат дека се движи по улицата „Илинденска“ во Битола. Обвинителството бара да се му биде изречена казна од 100 дневни глоби што вкупно би изнесувало 2.000 евра.

Истата казна е предвидена и за гостиварец кој се возел во автомобил по 21 часот.

Полицискиот час, според последните одлуки на владата е воведен од 21 до пет часот утрото, а полицијата е задолжена за строга контрола на почитувањето на мерката.