Австрија нема да ги продолжи рестриктивните мерки и ограничувања на слободата на движење по 30 април

0
29

„Општите мерки за заклучување во Австрија истекуваат на крајот на април“, рече министерот за здравство Рудолф Аншобер.

Тој додаде дека ќе биде дозволено да се соберат до 10 лица, а главниот услов за јавноста е да продолжи да ги почитува правилата на дистанцирање.

Во Австрија се отворени неесенцијалните продавници минатата недела, додека бројот на луѓе погодени од коронавирус достигна 15.227, а досега починаа 549 ​​лица.

Претходно беше донесена одлука за продолжување на учебната година, и тоа прво за матурантите на 4 мај и потоа за учениците од основните училишта на 15 мај.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера изјави дека не може да вети дека сè ќе се врати во текот на ноќта, но дека ќе стори сé за да им ги врати на граѓаните слободите од кои биле лишени како резултат на борбата против „ковид 19“.

Тој истакна дека коронавирусот претставува голем предизвик за Австрија, но дека верува оти овој пат, како и од претходните кризи, ќе излезе зајакнати.

Курц ова го кажа во своето обраќање пред нацијата по повод 75 години од формирањето на втора Република.

Тој рече дека бројките во врска со инфекцијата се движат во вистинската насока и дека заради овие успеси, граѓаните би можеле да се радуваат затоа што земјата го избегна развојот како во Италија, Франција или Шпанија.

Извор Точка