Адеми:Учебната година нема да се повторува

0
32

Учебната година нема да се повтори бидејќи онлајн наставата се реализира успешно во сите училишта, вели министерот за образование и наука, Арбр Адеми.

„Со потенцијалните како и со последните донатори во текот на изминатава недела во општините поделивме лаптопи и паметни телефони, разговаравме со социјално загрозените семејства и во соработка со градоначалниците се поделени околу 3000 таблети. Со тоа се ублажува бројот на деца кои немаат опрема со која би следеле онлајн настава.“, рече Адеми.

Но за изјавата на Адеми, реагираше Мухамед Зекири на Фејсбук. Тој рече дека неговата ќерка следи настава во основното училиште Исмаил Ќемали и до сега немала ниту еден онлајн час.

„Министерот Арбр Адеми денеска изјави дека нема училишта каде не се одржува онлајн настава. За жал реалноста е поинаква, министерот можеби не е правилно информиран. Во основното училиште Исмаил Ќемали во Чаир каде ули неговата ќерка немало до сега ниту еден онлајн час.“, напиша З еќири.