Во Италија повеќе од 200 илјади заразени

0
36

Вкупниот број на пациенти во Италија надмина 200.000, соопштија денес италијанските власти.

Во последните 24 часа потврдени се уште 2.091 новозаразени, а бројот на зазарени се искачи на 201.505, пренесува Ројтерс.

Исто така, зголемен е и бројот на починати лица, тој изнеусва 382, што е за околу 50 повеќе од претходниот ден, додека вкупниот број на починати сега изнесува 27.359.

Во Италија, по скоро два месеци изолација, на 4 мај ќе бидат воведени ублажувања на мерките, кои беа воведни со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а повеќе од 60 милиони граѓани ќе имаат поголема слобода на движење во регионот.