Во пожар загинал прилепчанец

Во пожар кој попладнево избувнал во гаража во куќа на ул. „Никола Карев” во Прилеп, животот го загубил повозрасен прилепчанец.

На местото на пожарот интервенирала екипа од ТППЕ Прилеп.

– Пожарот е изгаснат од наша страна, а внатре во гаражата е пронајдено починатото машко лице – велат од ТППЕ Прилеп.