Вучиќ:Србија е на европскиот пат и благодариме на ЕУ за помошта

0
34

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денес имал „добра, отворена и многу долга средба” со акредитираните амбасадори на ЕУ во Србија и во име на Србија се заблагодари на ЕУ за финансиската помош и за секоја друга поддршка и солидарност покажана од Унијата, не само за време на пандемијата на коронавирус. Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Сем Фабрици, оцени дека е важна „јасната порака на Претседателот на Србија за патот на земјата кон ЕУ”.

Српскиот претседател потсети дека ЕУ одобрила 93 милиони евра за борбата против пандемијата, од кои 15 милиони за итни медицински потреби и 78 милиони за поддршка на економското закрепнување на земјата.

Тој кажа дека побарал од ЕУ што е можно поскоро да ги донесе важните одлуки за фондот за закрепнување, затоа што колку е посилна Унијата, толку ќе биде посилно економското закрепнување на Србија.

-Две третини од нашата трговска размена е поврзано со земјите од ЕУ, вкупната трговија со ЕУ минатата година изнесуваше скоро 26 милијарди евра, кажа Вучиќ.