Заев и Мицкоски од денес се во домашна изолација

Лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денес се во домашна изолација. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на обраќање утринава.

Тие се во задолжителна самоизолација откако и двајцата биле на гости во една телевизиска куќа каде што биле интервјуирани од новинар за кого тестовите покажале дека е позитивен на Ковид-19. Новинарот во овој момент е згрижен во ГОБ „Осми септември“ и е во стабилна состојба.

Тестот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бил негативен, а во текот на денот се чекаат резултатите и за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.