Затворениците во „Шутка“ фрлаат чинии низ прозорците

Револт и паника владее кај затворениците во Истражниот затвор „Шутка“ откако беше потврдено дека починат притвореник имал коронавирус. Чиниите со храна ги фрлија низ прозорците, одбиваат храна.

Затворениците во Истражниот затвор Скопје бараат заштитни мерки , во спротивно ќе штрајкуваат со глад . По средбата на затворениците и директорот Есад Рахиќ, дека од управата бараат тестирање на сите затвореници, нивно раздвојување во келиите , ослободување на оние со најлесни казни за да се ослободи простор во затворот.