Зоран Милески-Кичеец на слобода до правосилност на затворската казна

0
134

Зоран Милески-Кичеец е ослободен од домашен притвор, мерка што му беше одредена до правосилност на тригодишната затворска казна во случајот „Рекет“, и веќе десетина дена е на слобода. За ова понудил гаранција во имот од, како што вели неговиот адвокат Александар Новаковски, 240.000 евра, а позитивно мислење дала и обвинителката Вилма Русковска.

Причина за укинување на домашниот притвор е лична, приватна кај Милески. Тој се обратил со такво барање до надлежните судските инстанци поради неодамнешната смрт на неговиот татко, пришто навел дека треба да се грижи за мајка му која останала сама, а го поткрепил и со останати семејни моменти.

Милески ја призна вината во обвинението на Обвинителството за гонење на организиран криминал во кое се товареше за посредување и примање награда за договарање на средби меѓу Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев во случајот „Рекет“ и во вториот ден по почнување на судењето беше осуден на казна затвор од три години.