Изборите во Србија најверојатно ќе се одржат во јули

Парламентарните избори во Србија, најверојатно, ќе се одржат помеѓу 5 и 19 јули, објави белградскиот весник Блиц, повикувајќи се на неофицијални извори.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според Блиц, пред одржување на изборите се очекува укинување на вонредната состојба воведена поради епидемијата со новиот коронавирус.

Првично, парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија беа распишани за 26 април, но беа одложени поради епидемијата.