Истражување: Сонцето, жештината и влагата го ослабуваат Ковид-19

0
25

Последните истражувања од САД покажуваат дека високата температура, поголемата влажност и соларната светлина го неутрализираат коронавирусот, чии капки се на надворешна површина и во воздухот.

Тоа го соопшти претставникот на министерството за национална безбедност, Вилијам Брајан кој вели дека соларната светлина која е најпристутна во летните часови прави драстична разлика во уништувањето на вирусот.

Додека се претставуваше ова истражување, Претседателот на САД пак ја разбранува јавноста. Тој препорача на луѓето кои се заболени од коронавирусот да се лекуваат со тоа што ќе им се вбризгува средство за дезинфекција, како што е изоприл алкохол. Претседателот предложи и зрачење на телото со УВ зраци.

По ваквата изјава веднаш пристигнаа реакции од страна на експертите во областа, кои велат е опасно и неодговорно да се инјектира било каков производ за чистење во телото на човекот, воедно препорачувајќи да не ги слушаат медицинските совети на Трамп.

Извор Канал5