Ковид-19: Бројот на починати во светот надмина 200 000, заразени има речиси 3 милиони

ројот на смртни случаи како последица на корнавирусот надмина 200 000 односно тој според Ворлдометерс изнесува 203 308 лица, додека бројот на заразени се доближува до 3 милиони.

Според овој сајт кој се базира на податоци од Светската здравствена организација (СЗО) бројот на заразени во светот со новиот вирус е 2 923 191 лице, додека досега оздравеле 837 527 лица.

Вкупно активни случаи на заболени со ковид -19 има 1 882 356 лица, од кои 97 отсто или 1 824 473 се со лесни симптоми, додека 57 883 се во тешка состојба.

Први на листата каде состојбата е најлоша се САД со 960 896 заболени и 54 265 починати лица. Потоа следуваат: Шпанија со 223 759 заболени и 22 902 починати, Италија со 195 351 заболени и 26 384 починати, Франција со 161 488 заболени и 22 614 починати и Германија со 156 513 заболени и 5 877 починати лица.

Од континентите, најзагорзена е Европа со вкупно 1 253 115 заболени од ковид-19 и 120 137 починати. Потоа следува Азија со 462 048 заболени и 16 953 починати лица.

Во Јужна Америка бројките се 131 374 заболени и 6 020 починати. Африка е на дното со вкупно 31 102 заболени и 1 379 починати, иако претставниците на СЗО предупредуваат дека поради лошите услови пандемијата би можела да земе голем замав.

Најмалку случаи има на австралискиот континент со 8 282 заразени и 101 смртен случај.

Извор 360°