Коронавирус: Мала опасност за зараза од банкнотите на еврото

0
47

Во споредба со другите предмети и површини кои луѓето секојдневно ги допираат, од банкнотите на еврото не произлегува зголемен ризик од инфекција со коронавирусот, соопшти Европската цантрална банка.

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека постои „мал ризик“ од пренесување на коронавирусот преку евро-банкнотите во однос на површините од други предмети. ЕЦБ спроведе истражувања со неколку лаборатирии според кои „коронавирусот можат да се задржат на површината од нерѓосувачки челик како што се кваките, 10 до 100 пати подолго отколку на банкнотите од пaмучно влакно“, изјави претставникот на банката Фабио Панета.

„Други анализи покажуваат дека вирусите потешко се пренесуваат преку порозни површини како што се нашите банкноти отколку преку мазни површини како што е пластиката“, вели Панета.