Лажните вести за корона вирусот се шират побрзо и од самата епидемија

0
28

Ние не се бориме само со епидемијата. Ние се бориме инфодемија.

Средства за дезинфекција кои доколку ги испиете сте го уништиле вирусот, храна и антибиотици кои лечат и спречуваат зараза, теории на заговор и коментари од типот „Ништо нема“ се само дел од мноштвото информации на социјалните мрежи кои се шират како пандемија. И додека здравствените работници и научниците во потрага по вакцина се борат со вирусот кој го парализираше целиот свет, цела војска лажни информации доаѓа како засилување на Ковид 19.

Практикувањето на невистини и нивната пролиферација низ населението. Да не се лажеме најуспешен лик е еден тапоглав лик како Доналд Трамп кој стана претседател токму со тоа, со тие техники и методи. Всушност не се работи за тоа дали некој сака да манипулира, туку дали има луѓе кои сакаат да бидат манипулирани и што мислат дека тоа е вистината. Мислам дека сведочиме на едно време, глобално освета на фрустрираните, освета на полуписмените и неписмените, вели проф. д-р Горан Јанев, социјален антрополог .

За манипулацијата со стравот и непознатото кои во нашите животи ги внесе Ковид 19, загрижено реагираше и Светската здравствена организација.

Мислам дека сведочиме на едно време, општо земено, глобално, освета на фрустрираните, освета на полуписмените и неписмените. Она што некогаш ни беше идеал Алберт Ајншајн , лик од насловни страници и цело човештво се восхитуваше на качувањето на Месечината, сега се тоа е релативизирано. Сега имаме теории дека земјата е рамна и луѓе веруваат во тоа.

Во овој миг најважно е да се препознаат лажните информации за Корона вирусот кои манипулираат со луѓето во мигови кога тие најголем дел од времето го минуваат дома на социјалните мрежи, велат стручњаците.

Извор Телма