Ограбен маркет во полициски час во Скопје

Во неделата утрото било пријавено дека е ограбен маркет во Скопје, во сред полициски час.

Како што стои во полициксиот билетн, во неделата, во 8.50 часот било пријавено дека во периодот 18/19.04.2020 на ул. „Кузман Шапкарев“ во Скопје непознати сторители извршиле тешка кражба во маркет.

Имено лицата кривичното дело го извршиле на тој начин што со употреба на погоден предмет ја отвориле вратата, по што од канцеларија одзеле сеф со пари и производи. Се работи на расчистување на случајот.