Филипче: Се чудам со каква леснотија Мицкоски лаже дека сме имале тестови за само еден ден

0
95

„Се чудам со каква леснотија Христијан Мицкоски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден. Џабе се бориме против лажни и неточни вести, ако претседателот на најголема опозициска партија свесно лаже и креира паника меѓу граѓаните. Бидете спокојни, тестови има и постојано се набавуваат резерви“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Твитер како одговор на интервјуто на Мицкоски.