Коронавирусот ја одложи набавката на десетте еколошки автобуси

0
140

Скопјани ќе почекаат да се возат во новите еколошки автобуси, најверојатно по завршување на пандемијата со коронавирусот. Иако според последната изјава на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, дека првите десет, од договорените 33 автобуси на гас во главниот град ќе пристигнат на 25 март, тоа не се случи и оттаму немаат ниту одговор кога набавката ќе се реализира.

Автобусите се набавуваат за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје и оттаму за весникот ВЕЧЕР изјавија дека се во постојана комуникација со добавувачот.

– Заради околностите со ковид-19 во регионов и речиси цела Европа, логично е дека пристигнувањето на првите автобуси ќе доцни, односно нема да се исполни очекуваната динамика – кусо одговорија од претпријатието, посочувајќи дека во актуелнава ситуација, неблагодарно е да најавуваат нови термини кога би се реализирала испораката на првите автобуси.