Купови неподигнат смет после полицискиот час викендов

0
83

Жителите на главниот град се разбудија со преполнети контејнери и купишта ѓубриња насекаде. Граѓаните се револтирани и стравуваат дека отпадот, може да предизвика заразни болести сега во време кога сите се соочуваме со коронавирусот.

Граѓаните велат дека сите треба да бидат претпазливи во зачувувањето на животната средина, но ја обвинуваат комунална хигиена за сегашната состојба, што не може да го исчисти отпадот од петокот.

„Ова е небрежност на јавното претпријатие. Отпадот е поопасен од вирусот според мене“, вели еден граѓанин.

Директорот на „Комунална хигиена“, Шабани, вели дека ваквата состојба се очекувала. Тој додава дека не успеале да направат повеќе, бидејќи работеле со скратено работно време поради пандемијата, а бројот на контејнери за чистење е голем и надминува 6.000.